Пожар на Детската клиника, нема повредени деца

На одделението за хематолошки болести при Клиниката за детски болести, вечерва настанал пожар на терасата на првиот кат, известуваат од клиниката

„Против пожарната екипа веднаш интервенираше и го локализираше пожарот. Не е предизвикана никаква материјална штета. Со оглед на тоа што одделението се реновира и нема хоспитализирани деца, нема ниту повредени пациенти. Останатите деца кои во моментов се хоспитализирани на Клиниката по другите оддели се во добра состојба. Причините на пожарот ќе ги утврдат надлежните институции“ велат од  Клиниката за детски болести.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.09.2019 - 10:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега