Нови најави од метеоролозите - од утре промена на времето

Во земјава денеска времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец. Минималната температура ќе биде помеѓу 9 и 17, а максималната ќе достигне од 29 до 37 степени.

Во Скопје, времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен североисточен ветер, со минимална температура од 15  и максимална  до 35 степени.

Од понеделник ќе преовладува сончево време со умерена облачност, а ќе има и услови за изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи, особено во западните делови. Дневните температури ќе бележат постепено опаѓање.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.09.2019 - 09:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега