Две лица повредени во сообраќајка кај местото викано „Прибилечки кривини“

Вчера во сообраќајна несреќа кај  местото викано „Прибилечки кривини“ биле повредени две лица.

Според полицијата во 19.55 часот на местото викано „Прибилечки кривини“, атар на с.Прибилци, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „југо“ со битолски регистарски ознаки, управувано од М.Ј.(53) од с.Сладуево и патничко моторно возило „мерцедес“, со битолски регистарски ознаки, управувано од П.Ј.(41) од с.Вирово - Демир Хисар.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле М.Ј. и неговиот сопатник М.С.(27), по што биле пренесени во Клиничката болница Битола за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид од екипа на Полициската станица Демир Хисар. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

31.08.2019 - 11:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега