Во паркирано возило покрај патот кон село Сараќино пронајдено 12 килограми марихуана

Во паркирано возило покрај патот кај село Фалише било пронајдено поголемо количество на Марихуана.

Сппоред пријавеното вчера, околу 14.00 часот во Тетово, на земјениот пат од село Фалише кон село Сараќино, во паркирано патничко моторно возило „бмв“ со тетовски регистарски ознаки, сопственост на Г.М.(27) од Тетово, биле пронајдени околу 12 кг марихуана.

Во 17.10 часот бил пронајден и сопственикот на возилото Г.М.(27) и заедно со неговиот татко Н.М.(53) биле приведени во СВР Тетово, поради основано сомнение дека сториле кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстаниции и прекурсори“.

По документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

31.08.2019 - 11:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега