Министерството потврди: Возило во кое бил министерот за култура учествувало во сообраќајка во тетовско

 Без повредени лица, но со материјална штета поминала сообраќајна незгода попладнево на автопатот Тетово – Гостивар во која во едно од возилата патувал министерот за култура Хусни Исмаили кој живее во Тетово. Сообраќајката се случила околу 16.30 часот во близина на тетовската наплатна рампа.

Од Министерството за култура ја потврдуваат информцијта.

„Службеното возило „пасат“ на министерот за култура Хусни Исмаили, попладнево имаше сообраќајна незгода пред наплатната рампа Тетово-Гостивар.

Во сообраќајната несреќа покрај „пасатот“ на Министерството за култура, учествуваше и товарно возило.

При несреќата нема повредени лица, сите учесници се во добра здравствена состојба, единствено е причинета  материјална штета.

Увидот на сообраќајната полиција е во тек“, сопштуваат од Министерството.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.08.2019 - 19:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега