Сообраќајка кај Желино - во едно од возилата патувал министерот за култура

Без повредени лица, но со материјална штета поминала сообраќајна незгода попладнево на автопатот Тетово – Скопје во која неофицијално во едно од возилата патувал министерот за култура Хусни Исмаили кој живее во Тетово. Сообраќајката се случила околу 16.30 часот во близина на наплатната рампа кај Желино.

– Се случила сообраќајна незгода во која учествувале возило „пасат“ во кое имало две лица и камион-влекач управуван од Е.К (55) од Гостивар. „Пасатот“ е со скопски регистарски таблички, сопственост на Владата, а камионот со гостиварски ознаки. Немало повредени, но е предизвикана материјална штета, информираат од СВР Тетово.

По сообраќајниот инцидент започнат е увид од  полициски службеници.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.08.2019 - 18:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега