Приведени две лица откако ограбиле и претепале старец во неговиот дом во гостиварско

Две лица добија мерка пртвор, а по едно се трага по расчистување на случајот со разбојништво врз жител на гостиварското село Равен. Судија во претходна постапка опредли триесетдневен притвор за Ј.И.(45) од Гостивар и албанскиот државјанин Г.Б.(42). Притворањето следува откако надворешна канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против нив и А.Ј.(28) од тетовското село Челопек по кој се трага. За трите лица постојат основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“.

Тие на 18 август На 18 овој месец во гостиварското село Равен пријавение со употреба на сила извршиле разбојништво над 72-годишниот М.А.

По пријавата, утврдено е дека во неговиот дом додека престојувал со пријателка околу 20 часот и 30 минути, влегле нејзиниот син и невенчан сопруг, физички го нападнале, му одзеле пари и златен накит.

Од надлежното обвинитество информриаа дека заради обезбедување присуство на осомничените во текот на истражната постапка, на јавниот обвинител кој постапува во предметот до судијата на претходна постапка во Основниот суд Гостивар му е прифатен предлогот за определување на мерката притвор

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.08.2019 - 13:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега