Ден на отворени врати во Гете-Институт Скопје

На 31.08.2019 година, во периодот помеѓу 10 и 15 часот, Гете-Институтот ќе го одржи традиционалниот Ден на отворени врати. Од Гете-Институт со задоволство ги покануваат да присуствуваат сите заинтересирани граѓани, за што најавуваат и богата програма која ќе биде заокружена со доделување на еден бесплатен курс за најсреќниот посетител.

Доколку се интересирате за германскиот јазик и за Германија, посетете го Денот на отворени врати со цел да добиете конкретна претстава за Гете-институт, но и да ги запознаете нивните професори лично,како и преку театар.

Во петте часа програма на настанот, од Гете-Институт најавуваат можност за сите посетители да ги научат првите зборови на германски јазик со учество на пробен час во модерно опремените училници, да ги проверат своите познавања на германскиот јазик, но и да учествуваат на квиз за Германија и за германските пронајдоци и да добијат мали подароци.

За време на овогодинешниот Ден на отворени врати, секој посетител ќе има можност да слуша германска музика и да се информира за актуелните настани и проекти, стипендии, за јазичната соработка за PASCH-училиштата и за културните друштва, како и да ги запознае дигиталните понуди за изучување на германскиот јазик.

Линк до целокупната програма и локацијата на Гете-Институт Скопје: https://www.goethe.de/ins/mk/mk/ver.cfm?fuseaction=events.detail&event_id=21609793&

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.08.2019 - 12:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега