Заев: Изборот на Ангеловска е апел младите да останат во државава

За нови членови на владата предлагам Парламентот да ги избере Нина Ангеловска за министер за финансии и Хисен Џемаили за министер без ресор за инвестиции. Ова го рече премиерот Зоран Заев претставувајќи ги новите кандидати за членови на Влада на денешната собраниска седница.

Тој потенцира дека Ангеловска има 31 година, дипломирала со најдобар успех и станала за три години доктор на науки, и дека тоа е апел до младите да останат во државата и да преферираат на високи позиции. 

 – Ангеловска и Џемаили верувам дека ќе дадат импакт на економијата. Економјата се движи во добар правец и треба да ги искористиме сите капацитети кои ги имаме, да ги задржиме младите во државата и да заличиме на нормална земја кон што стремиме. Верувам дека ќе бидат сериозно засилување во Владата, рече Заев на седницата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.08.2019 - 12:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа