Страшна несреќа во Македонија: Камион прегази пешак

Пешак е тешко повреден откако камион удрил во него на улицата „13-ти Ноември“ во Куманово.

Во 10.15 часот било пријавено дека во Куманово, на улицата „13-ти Ноември“, товарно моторно возило „там“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од 53-годишниот Ф.Е.  од Куманово, удрило во пешак. Се работи за 31-годишниот Б.А. кој во езгодата се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Општата болница Куманово за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот од екипа од СВР Куманово. 

 

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.08.2019 - 11:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега