Возило излета од пат во Македонија - Има повредени

Едно лице тешко повредено во несреќа на патот Кавадарци – Неготино.

Во 11.00 часот било пријавено дека на регионалниот пат Кавадарци – Неготино, патничко моторно возило „опел корса“ со скопски регистарски ознаки управувано од 34-годишниот М.С. од Кавадарци, излетало надвор од коловозот.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот, 54-годишниот Д.Ј.

На местото на настанот бил извршен увид од екипа од Полициската станица Кавадарци.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.08.2019 - 10:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега