Пожар од Радовиш се шири кон струмичко

Пожарот кој се појави во близина на Радовиш се шири кон струмичко, односно општина Василево.

Пожарот на планината Готен кај Радовиш меѓу селата Покрајчево и Злеово и понатаму е активен.  Гори претежно нискостеблеста шума. Скоро десетина дена екипите на радовишкото шумско претпријатие задно со противпожарната единица и дирекцијата за заштита и спасување не можат да го изгаснат.  На терен има  педесетина лица. 

Претходните денови имаше голем пожар во околината на Велес, синоќа гореше во Општина Чашка, а претходно имаше пожар во охридско. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.08.2019 - 22:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега