Деканот Дујовски ќе биде на чело на работната група за ветинг во МВР

Денеска во МВР се одржа средба на работната група која треба да го изготви планот за спроведување на ветингот, а на состанокот е одлучено со неа да раководи деканот на Факултетот за безбедност, професорот Никола Дујовски. Дујовски смета дека ќе успеат да ја подготват програмата за спроведување на процесот најдоцна до крајот на идниот месец како што и побара Владата, пренесува Телма.

Претседателот на работната група најави дека ветингот ќе важи за сите вработени во МВР и идните службеници и ќе се повторува.

Дујовски смета дека внатре во министерството ќе има отпорт кон ветингот, но додава дека е убеден деќа процесот ќе биде успешен.

Работната група која треба да го направи планот за псорведување на процесот е составена од претставници на МВР, Македонскиот полициски синдикат, претставници на Мисијата на ОБСЕ, Амбасада на САД  невладиниот сектор и академската јавност.

За начинот на кој ќе се врши ветингот, МВР веќе се консултираше со албанските колеги каде тој процес е веќе завршен а стотина полициски службеници си поднесоа оставки откако одбија да бидат испитувани за потеклото на имотот кој го стекнале во текот на службата.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.08.2019 - 16:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега