Јанева од септември ќе остане и без плата и без пари за киријата од 400 евра

Катица Јанева повеќе нема да е на трошок на граѓаните, СЈО од први септември нема да ѝ дава плата и да ѝ исплаќа пари за кирија и сметки, објави Канал 5

Извори од СЈО за Канал 5 потврдуваат дека на специјалната обвинителка која е во притвор и се стопираат државните пари. Имено, таа зема 400 евра државни пари за живот во луксузната куќа во скопската населба Козле.

Со исплаќањето основната плата за месец август, практично завршуваат финаниските обврски на СЈО кон се уште актуелната шефица.  Од СЈО за Канал 5 пред неколку дена посочија дека потенцираа  дека таа , како обвинител кој е надвор од Скопје во изминатиот период имала право на 300 евра кирија и 100 евра трошоци за комуналии. Во случај, киријата на обвинителот да поголема, тогаш сумата си ја доплаќа самиот, велат од обвинителството. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.08.2019 - 16:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега