Штериев: Едногласна беше одлуката за постапката за разрешување на Јанева

Со едногласна одлука на сите 9 члена, Советот на јавни обвинители претпладнето ја отвори постапката за разрешување на шефицата на СЈО за нестручно и несовесно работење, откако е притворена за Рекет.

- „Извештајот ќе содржи бидејќи сме лимитирани да изнесуваме податоци, имиња и презимиња, ќе содржи содржеток кој ќе ги преслика еден дел од исказите кои според нас се значајни за Собранието да има пред себе утврдени факти за понатмау да предложи до нас  разрешување или нема да предложи. Ќе содржи според наша проценка доволно податоци кои законот ги бара за да може да постапува Собранието“, рече Коле Штериев – претседател на Совет на јавни обвинители.

Очекувањата на Штерјев се дека извештајот денеска или најдоцна утре, Советот ќе го достави до Собранието.

За потсетување, Катица е притворена заедно со Боки13 и Зоки Кичеец за Рекет.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.08.2019 - 15:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега