Тешка несреќа во Македонија: Паднал од мотор и тешко се повредил

 

Кумановчанец се здобил со тешки повреди кога вчера паднал од својот мотор, по што итно го пренеле во болница.

Во 12.30 часот на улица „Пириниска“ во Куманово, 70-годишниот М.М. од Куманово, управувајќи мопед „томос“ без регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот, при што се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Општата болница Куманово за укажување на лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Куманово.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.08.2019 - 10:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега