Кривична за лихвар од Македонија - Се заканувал за да изнуди пари

Лихвар од Тетово заработи кривична бидејќи се заканувал за да изнуди пари.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против 42-годишниот Н.Ф. од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „лихварство“.

24-годишниот Д.М. од Тетово од пријавениот побарал на заем 200 евра, кои требало да ги врати за седум дена, како и дополнителни 100 евра за услугата. Д.М. не успеал да ги врати парите во договорениот рок и побарал продолжување на рокот до 04.07.2019 година.

Но и во тој рок не успеал да ги врати парите, по што пријавениот почнал да му праќа пораки со заканувачка содржина.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.08.2019 - 14:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега