Скопјани на одмор во Охрид со три кила дрога - Полицијата ги уапси

Двајца скопјани се уапсени откако биле фатени на дело со дрога во Лагадин, Охрид.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 34-годишниот Л.Г.  и 39-годишниот А.В. од Скопје, осомничени за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

На 13. месецов во населба Лагадин во Охрид, соопшти денеска МВР, полициски службеници извршиле преглед на патнички возила сопственост на пријавените и апартман во кој престојувале, при што пронашле и одзеле околу три килограми марихуана и кокаин.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.08.2019 - 12:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега