МВР со детали за тешката несреќа: Еден починат и 13 повредени кај Демир Капија

Тешка несреќа се случила на патот Демир Капија-Неготино кога се судриле автомобил и камион, при што едно лице починало, повредени се 13. мигранти.

МВР денеска информира дека во  19.40 часот на автопатот Демир Капија- Неготино се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Фолксваген Фејтон“ со скопски регистарски ознаки, товарно моторно возило со приколка марка „Сканија“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од  61-годишниот Љ.Д.  од Кавадарци и патничко моторно возило марка „Адрија Матрикс“ со српски национални ознаки, управувано од 52-годишниот С.Ч. од Република Србија.

По незгодата возачот на „ Фолксваген Фејтон “, во кое се превезувале 13 лица-мигранти (10 од Пакистан и три од Бангладеш) го напуштил местото на настанот. Едно 20 - годишно лице од Бангладеш починало, додека четири лица-мигранти се здобиле со тешки телесни повреди и биле пренесени во комплексот клиники ,,Мајка Тереза” во Скопје, а осуммина од мигрантите се здобиле со телесни повреди и им била укажана помош во болницата во Кавадарци.

Увид на местото на настанот извршил јавен обвинител и екипа од Полициската станица Неготино и се преземаат мерки за расчистување на случајот. По наредба на јавен обвинител  телото на починатиот е дадено на обдукција.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.08.2019 - 10:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега