Богоевски: Ние протестиравме во поддршка за СЈО, но никогаш не протестиравме за Катица

 

Во изјава за Канал 5 телевизија, Павле Богоевски, поранешниот пратеник и некогашен првоборец на „Шарената револуција“ истакна дека тие протестираа во поддршка за СЈО но не за Катица Јанева како поединец и прв човек на обвинителството.

-Ние протестиравме во поддршка за СЈО, но никогаш не протестиравме за Катица Јанева, вели Богоевски.

Богоевски додава дека на целата ситуација и моменталните случувања во државата гледа како шанса дека она за што се бореле биде сторено, и сите оние кои се виновни ќе одговараат.

-Ние протестиравме за функционерите, доколку направат некакви кривични дела, да бидат повикани на одговорност за истите. Иако е многу разочарувачки случајот „Рекет“, ова го гледам како шанса да се покаже дека тие работи за коишто се боревме ќе бидат применети на дело и дека луѓето кои биле или се функционери, ќе одговараат доколку направиле кривично дело, рече Богоевски во изјава за „Канал 5“.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.08.2019 - 22:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега