Брза помош за Боки13 - И УЈП влегоа во затворот Шутка

Инспекторите од УЈП во затворот Шутка на Боки 13 треба да му го врачат налогот за контрола на финансиското работење на неговата организација меѓународен сојуз, пренесе Сител.

Инспекторите во затворот влегоа предмалку, но според извори на Сител сеуште не се виделе со Боки 13.

Од извори во затворот, Сител дознава дека утрово Јовановски се жалел на здравствени проблеми па интервенирала и Брзата помош, но сега тој се чувствува добро. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.08.2019 - 15:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега