Стефанова: Имотот на Камчев е замрзнат и тој не може да го отуѓува

Имаме известувања за сите дејствија кои ги презема Јордан Камчев како управител и член на управен одбор и преземаме законски дејствија кои можеме да ги преземаме во овој момент. Ова го кажа обвинителката Лиле Стефанова која го води предметот „Империја“, по информациите во јавноста дека Камчев се повлекол од раководните позиции во Орка холдинг.

- „Тој не може да отуѓува имот, затоа што имотот е замрзнат“, рече Стефанова, пренесе Нова.

Според Обвинителството за организиран криминал, Катица Јанева која сега е во притвор дала налог на Орце Камчев да му биде вратен пасошот и да му се замени затворскиот со куќен притвор, а договорала и спогодба за негово ослободување со која тој би платил незначителна сума на државата.

За ваквите олеснувања кои ги добил, Камчев и неговата сопруга платиле 1,5 милиони евра на Бојан Јовановски – Боки 13 и Зоки Милески – познат како Зоки Кичеец.

Јанева заработи 30. дневен притвор, а втор месец во Шутка се и Боки13 и бизнисменот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.08.2019 - 14:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега