Тешка сообраќајка во скопско: Се искршија три возила, има повредени

Две лица се тешко повредени во сообраќајка на патот Петровец-Огњанци каде се искршиле три возила.

Во 15,15 часот вчера во СВР Скопје било пријавено дека на локалниот пат село Петровец-село Огњанци се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 34-годишниот А.С. од Огњанци и патничко моторно возило „Рено еспејс“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 63-годишниот П.А. од истото село  и патничко моторно возило „Опел Вектра“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 52-годишниот В.И. од селото.

Во незгодата со телесни повреди се здобил А.С. а со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од истото возило А.А.(55) и биле пренесени во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР-Скопје. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.08.2019 - 10:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа