Алими и Гури побараа изземање на Фетаи по кавгата со Катица Јанева

Обвинетите за уништување изборен материјал, Ејуп Алими, координатор на пратеничката група на ДУИ, и сопартиецот Исмет Гури на денешното судење за „Титаник 3“ побараа преку адвокатите да се изземат обвинителите од СЈО Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски по кавгата на Фетаи со Јанева за претресот во СЈО.

- „Конфронтацијата и отворените несогласувања меѓу ополномоштените обвинители Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски и нивната претпоставена Катица Јанева е основ да се бара изземање“, рече адвокатот Еленко Миланов, пренесе СДК.МК.

Судијката Марија Клетничка, која е втор судија во овој процес кажа дека барањето е нејасно, па даде пауза за да се донесе одлука. 

Постапката почна одново на 15 март годинава по именување на судијката Марија Клетичка за нов судија во предметот, откако судијката Оља Ристова, која го водеше случајот, во февруари годинава побара изземање од предметот. Обвинетите се товарат дека како членови на Општинската изборна комисија во Чаир на локалните избори во 2013 година уништувале изборен материјал.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.08.2019 - 11:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега