Фетаи: Не го коментирам Рекет, си продолжуваме со работа

Пред денешниот почеток на судењето за предметот „Титаник 3“, обвинителката Фатиме Фетаи од Специјалното јавно обвинителство одби да го коментира случајот Рекет, што го води Јавното обвинителство за борба против организираниот криминал.

– Не би можела да коментирам за тоа. Постапката „Рекет“ ја води друго Обвинителство кое што е надлежно. За тоа навистина не сакам во ниту еден момент да се мешам, нагласи Фетаи.

Таа додаде најважно е тоа дека СЈО продолжува со својата работа.

– Ете денеска имаме судење за предметот „Титаник 3“ кое е пред завршна фаза. Ние си продолжуваме со работа, потенцира Фетаи. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.08.2019 - 10:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега