Тешка несреќа во кичевско: Возило излета од патот

 

Жена се здобила со тешки телесни повреди при сообраќајна несреќа во кичевско, информира МВР. Вчера во 18:40 часот на локалниот пат за село Грешница-кичевско патничко моторно возило „Опел астра“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од 74-годишниот Н.Р. од истото село, излетало од патот.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката З.Р.(75) од село Грешница, по што била пренесена во Медицинскиот центар во Кичево. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Кичево.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.08.2019 - 11:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега