Тешка несреќа во Македонија: Прегазен пешак итно во болница

Пешак бил прегазен изминатата ноќ на патот Струмица-Ново Село.

Во 21,35 часот на магистралниот пат А-4 Струмица-Ново Село, поточно во селото Босилово, 43-годишниот Љ.Г.  од селото Коњарево, управувајќи патничко моторно возило „Опел омега“ со струмички регистарски ознаки, удрил во 61-годишниот Ј.И. од Струмица.

Во незгодата пешакот Ј.И. се здобил со тешки телесни повреди  и бил пренесен во болницата во Струмица.

Увид извршила екипа од полицјата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.08.2019 - 11:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега