Загина 27 годишно момче - Детали за трагедијата на патот Куманово-Крива Паланка

Едно лице загина, пет се потешко повредени во страшната несреќа која се случи вчера на патот Куманово-Крива Паланка, кога се искршија две возила.

МВР информира дека во  14,10 часот на магистрален пат А-2 Куманово– Крива Паланка кај село Облавце-Општина Старо Нагоричане, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило ,,Чироки“ со бугарски регистарски ознаки,  управувано од 27-годишниот Ф.А. од Куманово, патничко моторно возило „Алфа ромео“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од 38-годишниот Д.А. од Куманово, и товарно моторно возило „Волво“ со турски регистарски ознаки,  со приклучна приколка „Караолан“,  управувано од 42-годишниот М.А.Ѓ. од Република Турција.

На местото на настанот починал возачот на ,,Чироки“, додека сопатниците во истото возило  С.Б.(28), Б. С.(26) и М. С. (23) сите од Куманово, како и возачот на ,,Алфа ромео“ Д. А. и возачот на товарното возило „Волво“ М.А.Ѓ. се пренесени во Општа болница во Куманово, каде кај Б. С. и М.А.Ѓ. констатирани се тешки телесни повреди, додека кај С.Б., Д. А. и М.С. констатирани се телесни повреди.

Товарното возило  „Волво“ по сообраќајната незгода било опожарено.

Увид е извршен од страна на Јавен обвинител и увидна екипа од СВР-Куманово.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.08.2019 - 10:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега