Голема трагедија во Македонија: Едно лице загина на лице место - пет повредени

Едно лице загина, а пет други се повредени утрово во тешка сообраќајка кај росоманското село Камен Дол, изјавија очевидци за МИА.

Според МВР, во несреќата учествувале патничко возило „Голф“ со битолски ознаки и џип „Мерцедес“ со велешки регистарски таблички.

Во полицијата сообраќајната незгода била пријавена во 9.50 минути.

Увидна екипа на МВР е на местото на несреќата.

Полицијата, како ни службата за Брза помош од Кавадарци, засега не се можност да дадат повеќе детали околу случајот. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.08.2019 - 10:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега