Врие Брза помош и пожарни: Автомобили се забија во цистерна на патот Куманово-Крива Паланка

 

Тешка сообраќајна несреќа се случи попладнево околу 14:15 часот на патот Куманово-Крива Паланка, кај село Облавце, помеѓу неколку возила и цистерна.

Според првични информации од очевидци, во сообраќајната несреќа најверојатно има жртви и повредени.

На лице место се упатиле повеќе амбулатни возила, противпожарно возило и возила на шлеп служба.

 

Во моментот сообраќајот на овој патен правец е затворен и има километарска колона автомобили. Дел од возачите се упатуваат по локалните патишта. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.08.2019 - 15:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега