Голем пожар на автопатот Велес-Градско

Екипа на велешката противпожарна единица за 13 минути го изгасна пожарот на просторот меѓу двата коловоза на автопатот Велес – Градско, кај патарините, во кој според првичните сознанија изгореле од 30 до 40 дрвца и трева.

Во гаснењето на пожарот учествувале едно возило и тројца пожарникари. Огнот предизвикал густ чад, кој го отежнувал одвивањето на сообраќајот на автопатот.

Пожарот бил пријавен во 12,25 а изгаснат во 13,35 часот.

Пожарникарите потенцираат дека иако нема поголеми материјални штети, неповратно се изгорени четириесетина дрвца кои се зелена оаза за возачите на овој патен правец.

Тие воедно апалираат до возачите да не фрлаат догорчиња од цигари од прозорец, бидејќи поради високите температури лесно може да предизвикаат пожари. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.08.2019 - 14:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега