ВИДЕО: Автобусот смачкан, еден загинат - Снимки од страшната несреќа на патот Велес-Штип

Едно лице загина а 14 се повредени. Ова е билансот од тешката сообраќајка која вчера се случи на патот Велес-Штип, при директен судир на автобус полн патници и комбе.

ОЈО денеска информираше дека до несреќата дошло кога комбе управувано од 30-годишно лице од Скопје, со кое се превезувале материјали за градежништво, движејќи се во правец од Штип кон Велес, од засега непознати причини преминало на спротивната коловозна лента. Во тој момент, во спротивната насока се движел автобус на туристичка агенција кој превезувал патници за Сончев Брег, Бугарија, кој се обидел да избегне судир, но комбето удрило во предниот дел од автобусот и се извртело целосно на спротивната коловозна лента и во спротивна насока од првобитното движење.

Од незгодата на самото место починал возачот на комбето, додека 14 патници од автобусот се здобиле со повреди, вклучувајќи го и возачот на автобусот.

Телма објави видео од местото на страшната несреќа:

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.08.2019 - 17:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега