Триесетгодишен скопјанец загина во тешка сообраќајна несреќа на регионалниот пат Велес – Штип

 

Триесетгодишен скопјанец го изгуби животот во сообраќајна несреќа, која се случи синоќа на регионалниот пат Велес – Штип кај крстосницата за Ново Село. Несреќата се случила меѓу автобус марка МАН со кратовски регистарски ознаки, управуван од 37- годишниот М.К. од Куманово и товарно возило марка „Фолксваген Крафтер“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 30-годишниот С.Т. од Скопје, кој починал на лице место, соопштија утрово од СВР Велес.

Возачот на автобусот М.К. се здобил со тешки телесни повреди.

-Деветнаесет патници од автобусот се пренесени во општата болница во Велес, каде по укажаната лекарска помош се пуштени на домашно лекување. Увид на местото на настанот изврши јавен обвинител и екипа од СВР Велес. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција, информира портпаролот на СВР Велес Верољуб Додевски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.08.2019 - 10:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега