Илјази беше нападнат од советникот Усеини во Охрид: „Ме маваше со тупаници, ми рече дека ќе ме убие“

Професорот Илјаз Илјази вели за „А1он“ дека советникот во Општина Охрид, Нефи Усеини, го удирал со тупаници, што резултирало со повреди. Илјази додава дека се чувствува загрозено бидејќи Усеини му се заканувал дека ќе го убие, влечејќи го пред неговата зграда. До инцидентот дошло откако Илјази како претседател на куќен совет пријавил во „Водовод“ дека имаат проблем со водата, а екипи утврдиле дека некој на диво се приклучил на нивната мрежа.

„Нашата зграда имаше проблем со водата, имаше слаб притисок. Јас како претседател на куќниот совет викнав екипи од ‘Водовод’ да видат каде е проблемот. Тие излегоа на терен и ме известија дека има див приклучок на нашата водоводна мрежа. Утрово на околните објекти работеа мајстори. Јас повторно повикав екипи од ‘Водовод’ поради истиот проблем. Во меѓувреме, додека седев на балконот, ме повика комшијата. Кога се симнав, од нигде никаде се појави тој Усеини, кого до тогаш не го познавав, ни кој е, ни што е“, вели Илјази за „А1он“.

Професорот Илјази вели дека Усеини не разговарал со него, туку веднаш физички се пресметал. Во тој момент Илјази му рекол „Почекај да видиме што е работава“, по што Усеини му вратил „Јас сум советникот Нефи, јас ќе те убијам тебе“.

Целиот текст прочитајте го ОВДЕ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.07.2019 - 23:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега