Летувањето тргнало наопачки: Германци отишле на сладолед во Задар, па потрошиле 160 евра

Четиричлено семејство од Германија оваа година од Задар ќе понесе непријатна и грда слика.

Откако дошле на одмор и се сместиле, отишле во центарот на градот на сладолед. А, потоа им се случиле неколку неверојатни ситуации.

„За непрописно паркирање добиле казна од 54 евра, потоа автомобилот им го земал пајак служба и тоа ги чинело 47 евра и дневна карта од 20 евра. Но, сепак тоа не е се. Кога сакале да земат пари од банкомат им била наплатена 40 евра провизија.

Од банкоматот подигнале околу 1.200 куни, што е околу 160 евра. Секако им преседнал и сладоледот и престојот во Задар и рекле дека се многу разочарани, раскажал за Морски.хр сопственикот на туристичката агенција која на Германците им го организирала престојот, Даниел Радет.

Тој оваа случка ја објавил на социјалните мрежи.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.07.2019 - 19:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега