Десет години ѝ требало на сопругата на Драгојевиќ да му го прости неверството - поради една жена бракот ќе се распаднел

Оливер Драгојевиќ е обожавана личност ширум регионот, а пејачот почина на денешен ден точно пред една година. Зад себе остави ожалостена сопруга Весна, со која бил во брак 44 години, синот Дино и близнаците Дамир и Давор.

Љубовната приказна над 40 години за малку ќе се распаднела откако на виделина излегла неговата афера. Имено, некогашната манекенка Бранка Мариќ Мути јавно признала дека со него била во долгогодишна љубовна врска. Тие двајца одржувале интимни односи за време на 70-те и почетокот на 80-те години од минатиот век, а колку аферата била сериозна, зборува и фактот што Драгојевиќ поради Бранка сакал да ја остави и својата сопруга Весна.

-За време на тие години често поради стрес и нервоза завршував во болница. Долго се обидував да одгатнам зошто Оливер се сврте кон друга жена, но на крајот сфатив дека станува збор за неговата незрелост и несигурност - рекла своевремено Весна која за хрватските медиуми признала дека ѝ биле потребни 10 години да го преболи неверството.

-Никогаш не сакав да зборувам за животот надвор од сцената, но поради сплет на чудни и неморални околности се најдов во центарот на скандалот кој другите го исценираа. Мојата интима е првенствено моја работа и се што треба ќе решам во своите четири ѕида и со оние кои се дел од тоа, а непријателите ќе ги оставам гладни за сензација - рекол тогаш пејачот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.07.2019 - 19:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега