Сообраќајка во Штип - Двајца тешко повредени

Две лица се повредени во тешка сообраќајка која вчеравечер се случила во Штип на улицата Брегалничка.

МВР информира дека во 20,35 часот во Штип на улицата „Брегалничка“ се случила сообраќајна незгода во која учествувале патничко моторно возило „Фиат браво“  со штипски регистарски ознаки,  управувано од 30-годишниот Ѓ. В. од селото Долни Балван – општина Карбинци и патничко моторно возило „БМВ“  со швајцарски регистарски ознаки, управувано од 55-годишниот  В.К. од Штип. Ѓ.В. бил пренесен во Клиничка болница Штип, каде од страна на доктор  констатирани му се  тешки телесни повреди. На В.К. му се  констатирани телесни повреди.

Увид на лице место извршила екипа од полицијата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.07.2019 - 10:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега