Мотоциклист тешко повреден во сообраќајка во Чаир

Дваесет и пет годишниот скопјанец С.И. е тешко повреден во сообраќајна несреќа која се случила вчера утрината во скопски Чаир.

Од полицијата информираат дека несреќата е регистрирана во 04.30 часот на крстосница од улиците „Џон Кенеди“ и „Благоја Паровиќ“ помеѓу мотоцикл „Хамачи“ со скопски регистарски ознаки, управуван од С.И.(25) од Скопје и патничко возило „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ч.Ф.(54) од Скопје и патничко возило „Фолксваген Туран“ со скопски регистарски ознаки, паркирано од Б.Н.(31) од Скопје.

-Во незгодата, мотоциклистот С.И. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Градската општа болница „СВ.Наум Охридски“, посочуваат од МВР.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.07.2019 - 10:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега