Несреќа во Скопје - со автомобил прегазил две лица

 

Две лица се здобиле со повреди откако биле удредни од автомобил во Скопје.

Според информации на МВР, вчера во 09:30 часот на ул.„Нов Живот“ во Скопје,  20-годишниот Ј.М. од Скопје, управувајќи патничко возило „Опел Астра“ со скопски регистарски ознаки, удрило во 55-годишниот М.М. и  малолетник од Скопје.

Во незгодата М.М. се здобил со тешки телесни повреди, додека малолетникот се здобил со телесни повреди. Двајцата биле пренесени во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ – Скопје, каде им била укажана лекарска помош.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.07.2019 - 15:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега