Несреќа во Струмица: Маж итно однесен во болница

 

Маж се здобил со тешки телесни повреди откако доживеал сообраќајна несреча на мопед, информира МВР.

Вчера во 15:00 часот на крстосница од улиците „Никола Тесла“ и „11-ти Октомври“ во Струмица, 28-годишниот А.И. од Струмица, управувајки мопед „Џилера“ со струмички регистарски ознаки паднал на коловозот.

Во незгодата А.И.  се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Медицински центар Струмица.

Увид на местото извршила екипа на СВР Струмица.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.07.2019 - 10:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега