Сестрата на девојката на синот на Катица Јанева го криела наводно изгубениот телефон

Утринава беше пронајден телефонот за кој Јанева тврдеше дека го изгубила во Белград, според неофицијални информации телефонот е пронајден кај сестрата на девојка на синот на Јанева, кој инаку бил вработен во „1ТВ“, дознава Телма.

Од обвинителството за сега не ја потврдуваат информацијата за тоа каде е најден телефонот но тврдат дека е кај лице кое рекло дека е добиен на подарок.

Извори од СЈО пак за Телма велат дека токму девојката на синот на Јанева, е вработена во самото СЈО. Во специјалното обвинителство имало информации дека Јанева има и приватен втор телефон освен службениот, но со нив не разговарала од него. Обвинителството за организиран криминал им наложило на мобилните оператори да го лоцираат преку неговиот ИМЕИ. Сега е одземен и даден на вештачење. 

Со цел утврдување на натамошни факти, мобилниот телефон по наредба на обвинителството ќе биде предмет на вештачење. Истовремено, обвинителството испитува дали вториот мобилен телефон бил средство на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, велат од Основно јавно обвинителство за организиран криминал и корупција.

Од Јавното обвинителство потврдуваат дека извештажјот за првиот мобилен е завршен, но детали не се откриваат.

 

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.07.2019 - 17:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега