Јанева: Најодговорно тврдам дека ниту свесно, ниту несвесно не сум ја злоупотребила функцијата

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, по една недела молк денеска одржа прес-конференција за медиумите.

„Од моментот на мојот избор за СЈО мојот професионална биогрифија приватниот живот се цел на обиди на препукувања и политички инволвирања“ рече Катица Јанева, специјалната јавна обвинителката во оставка, на денешната прес-конферениција.

Свесна бев дека ќе бидат цел на напади за дикредитација, но повикот да се биде на чело на СЈО за мене е сериозна чест и голема одговорност, рече таа.

„Ви се извинувам што свесно оставив да не излезам во јавноста со коментар за „Рекет“ зашто не сакав да оставам впечаток дека се мешам во истрагата.

„За индициите најодговорно тврдам дека свено или несвесно не сум ја злоупотребила должноста која уште ја извршувам и ги охрабрувам органите на истрагата да продолжат со својата работа. Да, точно е, јас како и многу други лица кои се на јавни функции, се познавам со Бојан Јовановски. Не сум криела дека мојот син работи во 1 ТВ, но ова не значи дека некој требало да ме злоупотребува. Не само лицето Бојан Јовановски го злоупотребуваат моето име за различни цели“, рече Јанева.

 

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.07.2019 - 13:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега