Полиција извршила претрес на автомобил и пронашла оружје - приведени тројца скопјани

 

Тројца скопјанибиле приведени во полициска станица откако во возилото во кое се возеле било пронајдено оружје за кое немале дозвола да го поседуваат. Имено, според информации на МВР синоќа во 00:05 часот во  атар на селото Радибуш, општина Ранковце, полициски службеници запреле патничко возило „Ауди 4“со скопски регистарски ознаки, сопственост на Ф.И., а управувано од 26-годишниот М.К.од Скопје, а како сопатници биле 23-годишниот Е.Л.  од Скопје и 21-годишниот К.Т. од Скопје. При преглед на возилото биле пронајдени и одземени пиштол „GAP“ калибар 9мм, пет куршуми и една рамка за пиштол, за кои немале никакви документи. По наредба на Јавен обвинител, одземено било и возилото. Лицата биле приведени во Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.07.2019 - 11:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега