Приведен тетовец, прoнајдено оружје и муниција во неговиот дом

Полицијата вчера пронајде оружје и муниција при претрес на дом и помошни простории на Р.Р. (63) од Тетово.

-Врз основа на судска наредба, вчера во 21 часот полициски службеници извршиле претрес во дом и помошни простории на улица „Андреја Стојановиќ“ кај лицето Р.Р.(63) од Тетово. При претресот биле пронајдени и одземени една автоматска пушка со рамка, 29 куршуми од автоматска пушка калибар 7,62 мм, еден пиштол „глок“ со една рамка со шест куршуми, 25 куршуми пиштолска муниција калибар 7,62 мм и седум куршуми пиштолска муниција „Магнум 357“, соопштуваат од прес-службата на МВР.

Од таму информираат дека Р.Р. бил приведен и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.07.2019 - 12:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега