Бомба подметната доцна синоќа во центарот на Прилеп

Бомбата е пронајдена на терасата од кафулето „Кафе ин“ ,гостите веднаш биле евакуирани а тој дел од чаршијата затворен од страна на полицијата,пренесува Канал 5“.

Во ова кафуле недела пред почетокот на Пивофест беше поставена бомба кашикара. Наспротив сите убедувања од органите и локалните власти и градоначалникот Илија Јованоски дека се превземени сите безбедносни мерки Пивофест да мине во најдобар ред, синокешното поставување на бомбата го покажа спротивното.

Во меѓувреме од МВР излегоа со официјално соопштение во кое се вели дека околу 23:10 ч во Прилеп во угостителски објект е пронајдена школска бомба која нема експлозивно полнење. Веднаш се преземени соодветни мерки и таа е подигната од лице место. Нема повредени лица ниту материјална штета. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.07.2019 - 09:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега