По еврокомесарот Хан и Рикер доаѓа во Скопје

По најавата за посетата на еврокомесарот Јоханес Хан планирана за 25 јули, во Скопје доаѓа и в.д. помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Филип Рикер. Неговите средби со државно-политичкиот врв на Македонија се предвидени за 26 јули.

Двете посети коинцидираат со кризата поврзана со СЈО и најавата од Владата дека токму тие денови во Собранието ќе биде испратена новата верзија на предлог-законот за јавното обвинителство што денеска го презентира премиерот Зоран Заев. Се очекува претставниците на ЕУ и на САД да се фокусираат токму на ова прашање што се смета за последно отворено пред земјите-членки на ЕУ во октомври да решаваат за одредување датум за пристапни преговори со С. Македонија.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.07.2019 - 22:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега