Мицкоски: Јанева ме уценуваше и мене

Катица Јанева ме уценуваше за да го одмрзне имотот на ВМРО-ДПМНЕ, изјави вечерва лидерот на партијата Христијан Мицкоски, објави „Телма“.

– Јас јавно го повикав јавниот обвинител да ме повика да посведочам бидејќи бев предмет на уцена од страна на Катица Јанева кога таа бараше од мене да го поддржам Законот за јавно обвинителство, а сѐ со цел да го одмрзне имотот на партијата, кој што како нелегален тужител го замрзна, а судот под притисок на СДСМ и Обвинителството го потврди тоа барање – рече Мицкоски.

Во врска со денешниот предлог од премиерот Зоран Заев за спојување на СЈО со ОЈО и формирање ново Јавно обвинителство за гонење криминал и висока корупција, Мицкоски рече:

– Тој испорача неколку негови лични желби, чекаме да го добиеме тој документ и во најскоро време нашите тимови ќе се произнесат. Истовремено, остануваме посветени на нашиот предлог за тоа како навистина треба да изгледа еден реформски закон.

– Слушнав разно-разни шпекулации дека Катица Јанева ја напуштила Македонија, дека Катица Јанева е во Македонија. Па денеска дека добив информација дека на сите гранични премини има знак С, што значи да се задржи ако сака да излезе од македонските граници – рече тој.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.07.2019 - 22:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега