Ѓорѓи Илиевски: Денеска е закопана правната држава

Просветниот инспектор, Ѓорѓи Илиевски, даде изјава пред Државниот просветен инспекторат каде се расправаше за постапката отворена против него.

Неговата “вина“ е тоа што информирал дека тројца високи функционери на ДУИ, незаконски се унапредени на државниот универзитет во Тетово.

-Денеска е закопана правната држава во Македонија. Ваков чин на една дисциплинска постапка, каде што не се дозволи да биде јавноста и новинарите, тоа е недопустливо. Сакав јавно да проговориме за јавните функцинери да им дадеме порака и на сите други, како што јас се одважив и гласно кажав што се случи со министерот за образование, заменик-министерот за внатрешни работи и директорот за индустриска сопственост, кои незаконски се унапредувале и добивале и парични средства за интелектуални услуги. Денес по не знам која логика носи некое решение Второстепената комисија дека им се уважува жалбата, рече Илиевски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.07.2019 - 16:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега