Заев: „Кики и Фрики" за мене не постојат

Кики и Фрики за мене не постојат. Додека не се кажат имиња, тие за мене не постојат. Ова го истакна премиерот Зоран Заев како одговор на новинарско прашање по прес-конференцијата одржана по откажаната лидерска средба која беше најавена за денеска.

- „Кики и Фрики" за мене не постојат. Ако не се кажуваат имиња не постојат. Јас го поттикнувам истражувачкото новинарство, истражете кажете јавно имиња за што може некој да тужи, па ќе зборувам и јас, рече премиерот денеска околу случајот „Рекет".

Тој рече дека секој кој се огрешил пред законот ќе си ја одлежи казната.

Во случајот Рекет беше уапсен Боки 13 заедно со Зоки Кичеец, а добија 30. дневен притвор за уцени и изнуда на пари.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.07.2019 - 14:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега