Заев за Радев: Јас сум човек кој гради пријателства

Јас сум човек кој гради пријателство. Бугарија е наш стратешки партнер и тоа еден од најголемите на Северна Македонија. Таа е авангардниот поддржувач на нашите процеси. Ова го изјави Заев на прес-конференција по изјавата на Румен Радев дека должност на Бугарија е да ја поддржува Македонија но не безусловно.

- Можеби тоа е мотивација да се надминат прашањата кои се отворени, пораката верувам дека е во тој дух, вели Заев.

Инаку, Радев изјави дека потпишаниот Договор за добрососедство практично ја отклучи вратата на Северна Македонија кон НАТО и ЕУ и дека Бугарија мора да биде и е државата која најмногу ја поддржува Северна Македонија.

- Тоа е наша должност кон нашите браќа таму, но јасно е дека поддршката не е безусловна и безрезервна. Треба да бидеме искрени и јасно да ги ставиме нашите црвени линии, вели Радев.

 

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.07.2019 - 14:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега